Романо: Столе Димитриевски е нов голман на „Валенсија“

Романо: Столе Димитриевски е нов голман на „Валенсија“

Познатиот италијански новинар и експерт за трансфери, Фабрицио Романо, објави дека македонскиот голман Столе Димитриевски потпишал договор според кој до 2028 година ќе ја брани мрежата на голот на шпанскиот прволигаш „Валенсија“.

Димитриевски во Валенсија ќе дојде на местото на Ѓорѓи Мамардашвили, за кого се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои и „Њукасл“ и „Атлетико Мадрид“.

Димитриевски досега играше за „Рајо Ваљекано“. Насловна фотографија: Instagram