Отворени се 2 (две) работни позиции во НЛБ Банка

Отворени се 2 (две) работни позиции во НЛБ Банка

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидати за следните работни позиции:

IT Security Engineer 
(Инженер за информатичка сигурност) 

Главна цел на работното место е заштита на ИТ инфраструктурата и доверливоста на информатичкиот систем на банката.

Улога во тимот:
Инсталација, конфигурирање и надградба на безбедносни софтвери
Учество во дизајнот и архитектурата на информатичките системи
Изработка и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми
Дизајнирање, имплементирање на безбедносни мерки и контроли и планови за обновување на податоците
Анализа на податоци од хетерогени безбедносни уреди
Следење, тестирање, безбедносен надзор и усогласување на работата на ИТ сервисите и системите и предлагање на промени и подобрувања
Истражување, документирање и известување за прашања поврзани со безбедноста на информациите и новите трендови

Потребни квалификации и компетенции:
Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
Минимум три години работно искуство како инженер за информатичка сигурност, системски или мрежен администратор;
Познавање на апликации од доменот на информатичка сигурност како: Security Information and Event Management (SIEM), Proxy, IDS, системи за детекција на ранливости на ИТ системите и др.;
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик)

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:
Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
Можности за обука и кариерен развој;
Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 27.06.2018 година, со избирање на соодветната позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

IT System Administrator 
(Систем администратор) 

Главна цел на работното место е планирање, развој, одржување и надзор на архитектурата на ITC системите во Банката.

Улога во тимот:
Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и виртуелизациска околина (HyperV и VMware)
Управување и поврзување со централни Storage системи
Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.
Поставување, одржување и управување со оперативните системи, системските продукти и алатки
Учество во планирање на дизајнот и архитектурата на ИТ системите
Соработка при развојот на апликации и учество во проектни групи

Потребни квалификации и компетенции:
Универзитетско образование од технички науки (Информатика, Електротехника);
Минимум две години работно искуство;