Вкупно 11.697 ученици се запишаа во јавните средни училишта по првото пријавување. Тоа е речиси една третина од бројот на слободните места што Министерството за образование и наука (35.921) ги предвиде за оваа учебна година.
Од запишаните ученици, 9.167 се пријавени за настава на македонски јазик, 2.401 ученик за настава на албански, 110 на турски и 19 се ученици што повторуваат година.
Вториот упис ќе се реализира на 28 јуни, а резултатите ќе бидат објавени еден ден подоцна. Од МОН објаснуваат дека училиштата можат да го намалат утврдениот број на минимум поени, најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско- правна и трговска струка и здравствена струка.
За учениците од деветто одделение што се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во август, во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок.
За профилот медицинска сестра од здравствена струка на македонски јазик квалификационото тестирање ќе биде утре во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование.
Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:
• 4.873 ученици во гимназиско образование;
• 6.462 ученици во стручно образование;
• 208 ученици во спортска академија;
• 154 ученици во спортска гимназија.
Вкупно 23.968 слободни места има во вториот уписен рок.
• 6.068 во гимназиско образование
• 17.900 во стручно образование
Целосно завршен е конкурсот за запишување ученици во шест гимназии:
-„Јосип Броз Тито“ – Скопје (на македонски наставен јазик);
-„Никола Карев“ – Скопје;
-„Орце Николов“ – Скопје;
- „Георги Димитров“ – Скопје;
-„Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје;
-„Јосип Броз Тито“ – Битола.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
здравствена струка во:
СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, за сите образовни профили на македонски и на албански јазик, освен за образовниот профил болничар-негувател на македонски и на албански јазик;
OСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски јазик;
СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански јазик;
СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, за образовниот профил: медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и фармацевтски лабораториски техничар во паралелките на македонски јазик;
СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски јазик;
СОУ „Нико Нестор“ – Струга, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски јазик;
ОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовниот профил медицинска сестра, фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски јазик
СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на македонски и албански јазик;
СОУ „Јане Сандански“ – Штип, за образовниот профил болничар-негувател на македонски јазик.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
економско-правна и трговска струка во:
СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, за образовниот профил продавач во паралелките на албански јазик;
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
угостителско-туристичка струка во:
СУГС „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовниот профил келнер - готвач во паралелките на македонски јазик;
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
лични услуги во:
СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански јазик;
СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил козметички техничар во паралелките на албански јазик.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
електротехничка струка во:
СОУ „Нико Нестор“ – Струга, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски јазик;
ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски јазик;
СОУ „Никола Карев“ – Струмица, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски јазик.
Конкурсот за запишување ученици е завршен за
машинска струка во:
СОУ „Никола Карев“ – Струмица, за образовниот профил автотехничар-мехатроничар во паралелките на македонски јазик.