Со настап на „Монистра“ и „Св. Злата Магленска“ вечерва почнува Skopje Street Music Festival

Со настап на „Монистра“ и „Св. Злата Магленска“ вечерва почнува Skopje Street Music Festival

Со настапи на 25 изведувачи, од денеска до недела на седум локации во Скопје ќе се одржи Skopje Street Music Festival. Солисти, групи и ансамбли ќе го слават звукот на квалитетната музика, изведена во живо, на отворен простор. Kabadayas, Why not, женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, Антоние Весковски, Елена Чадиковска, Bossa Un Der Cover, „Пеперминт“ и други ќе изведуваат авторска музика, но и преработки на познати песни.

Во текот на фестивалот посетителите ќе можат да слушнат рокенрол, џез, боса нова, етно, класична и филмска музика. Покрај тоа, ќе настапат и специфични состави со француски шансони, еврејска музика и хорско пеење.

На отворен простор, освен на стандардните инструменти, ќе се музицира и на ксилофон, вибрафон, акустично пијано, бандонеон, кои ретко може да се видат надвор од концертните сали. Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: плоштад „Македонија“, Градски парк, ТЦ Лептокарија, Паркот на авиончето во Аеродром, Плоштад „Скендербег“, платото пред Универзалната сала и Боемската улица. Настапите ќе започнуваат во три термини: од 18:00, 20:00 и 22:00 часот.
Отворањето на фестивалот е вечерва во 19:00 часот на плоштадот „Македонија“, а на последниот ден настапите ќе почнат во 12:00 часот.