Никогаш не расправај се со глупави луѓе, ќе те повлечат на нивно ниво и ќе те докрајчат со искуство

Никогаш не расправај се со глупави луѓе, ќе те повлечат на нивно ниво и ќе те докрајчат со искуство

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Марк Твен зборувал иронично и за својата работа, а неговите мисли се применливи и денес.

- Ако прифатиш прегладнето куче и го нахраниш, тоа нема да те касне. Тоа е разликата меѓу кучето и човекот.

- Човек не може да биде поискрен освен кога ќе признае дека е лажго.

- Човек кој не чита добри книги нема никакви предности пред човекот кој воопшто не знае да чита.

- Ако немаш што да кажеш, тогаш немој ништо да кажуваш.

- Улогата на пријателот е да биде покрај вас кога грешите. Кога сте во право, сите ќе бидат покрај вас.

- Избегнувајте ги оние што ги омаловажуваат вашите амбиции. Тоа го прават само малите луѓе, додека навистина големите луѓе во вас будат чувство дека и вие можете да станете големи.

- Не дозволувај школувањето да те спречи во твојата едукација.

- Прекрасно било пронаоѓањето на Америка, но уште подобро ќе било да ја промашеа.

- Добрината е јазик кој глувите можат да го слушнат и слепите да го видат.

- Животот би ни бил неизмерно посреќен кога би можеле да се родиме со 80 години, па да се приближуваме кон 18.

- Штом ќе откриете дека сте на страната на мнозинството, итно морате да направите нешто со себе.

- Нема потажна глетка од млад песимист.

- Книгите за здравје читајте ги многу внимателно. Може да ви се случи да умрете поради печатна грешка.

- За успех во животот, потребни ви се две нешта: игнорирање и самодоверба.

- Единствениот начин да бидете здрави е да го јадете она што не сакате, да го пиете она што не ви се пие и да го правите она што не ви се прави.

- Подобро е да молчите и да изгледате како будала отколку да прозборите и да потврдите дека сте будала.

- Никогаш не расправај се со глупави луѓе, ќе те повлечат на нивно ниво и ќе те докрајчат со искуство.

- Обожаваме луѓе што ни кажуваат в лице што мислат, под услов да мислат исто како нас.

- Никогаш не оставајте нешто за утре кога можете да го одложите за задутре.

- Ајде да живееме така што утре и погребникот да жали што сме умреле.

- Танцувај како никој да не те гледа. Пеј како никој да не те слуша. Љуби како никогаш да не си бил повреден и живеј како рајот да е на земјата.