Конкурс за најдобро идејно решение. Награден фонд од 1750 евра, пријавете се!
Win Music Freedom објавува конкурс до сите креативни умови за изработка на идејно решение – дисплеј (рекламно пано, светлечка реклама).
Идејното решение мора да ги содржи следните елементи:
Логоа на Win Music Freedom и на Stay you
Целта на конкурсот е да им се овозможи на младите дизајнери и автори да ја покажат својата креативност и професионални способности преку реален проект
ГРАФИЧКИ КРИТЕРИУМИ:
Визуелното изразување е слободно. Можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, сите визуелни техники.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ:
Визуелното решение мора да се достави во дигитален формат, и тоа:
• Kако работни формати PDF
• И приказ на истите JPG
Целна група – Автори над 18 години
Победничкиот предлог ќе биде реализиран како продукциски прототип.
Сите потребни материјали може да се симнат од следниот линк:
http://bit.ly/Win-Music-Freedom-logoa
Сите креативни решенија пратете ги на
info@winmusicfreedom.com најдоцна до 15 Септември
Првите три победници на конкурсот добиваат награди
1000 евра
500 евра
250 евра