Најмоќните филмски сцени во последните 21 година

Најмоќните филмски сцени во последните 21 година

По повод својот 21. роденден, интернет-страницата „Ротен томејтос“ објави листа со 21 највпечатлива филмска сцена во последните 21 година. Околу 25.000 филмски вљубеници гласаа и ги одбраа трите најмоќни сцени.

На трето место е Хајли Џоел Осмент и неговата реплика „Гледам мртви луѓе…“ која го најави шокантниот пресврт на крајот во филмот „Шесто сетило“.

Втора е сцената од претпоследниот филм „Одмаздници“, каде што на крајот главниот негативец со еден потег со прстите предизвикува катаклизма.

На самиот врв се најде Хит Леџер како Џокерот, непријател на темниот витез Бетмен. Во првото појавување на почетокот од филмот тој создава сосема нова перцепција за себе и му покажува на гледачот до каде може да оди со своите мрачни изведби.



Леџер почина пред објавувањето на филмот и посмртно доби „Оскар“ за оваа улога.


Извор: МИА
Фото: Screenshot/YouTube