Стипендистите од програмата „Борис Трајковски“ за ЕМБА-студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот „Шефилд“ во Велика Британија

Стипендистите од програмата „Борис Трајковски“ за ЕМБА-студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот „Шефилд“ во Велика Британија

Годишната студиска недела на Универзитетот „Шефилд“ е еден од клучните атрибути на ЕМБА-програмата. На овој настан присуствуваат повеќе од 240 млади професионалци, меѓу кои и 20. стипендисти од програмата „Борис Трајковски“ за ЕМБА-студии преку Министерството за образование и наука од земјава. Годинашниот конкурс за стипендии од оваа студиска програма е во тек и ќе биде активен до 30 август, со повеќе детали на линкот.



Како традиционален и клучен настан за идните дипломци целта на оваа студиска недела е подобрување на меѓународниот карактер на ЕМБА-програмата, обезбедувајќи многубројни можности за мрежно поврзување на студенти од 8 држави. Дел од активностите на студиската недела се едукативни семинари, посети на компании, возбудливи излегувања, остварување релации со професионалци од различни земји, индустрии и култури и споделување најдобри практики.



Стипендистите од оваа програма на студиската недела во Шефилд во јуни годинава посетија една од водечките компании во автомобилската индустрија, фабриката „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ во Ливерпул. Студентите присуствуваа и на предавања одржани од професори од Школата за здравство и сродни истражувања (ScHARR) и Медицинскиот факултет на Универзитетот „Шефилд“ во текот на студиската недела.



Додека, пак, во Солун, за време на студиската недела годинава се одржаа специјализирани предавања и меѓународни работилници, на теми од најразлични области, меѓу кои: Предизвици со стареење на тимот на работното место, Управување со луѓе на стратешки позиции, Управување со ризици.



Предвидена да комбинира работа и задоволство, годишната студиска недела во Солун вклучува и традиционално крстосување со брод во заливот Термаикос, што претставува еден вид пријатно бегство од часовите за студентите од ЕМБА-програмата.

(Комерцијална објава)