Можност за платена пракса во AXELTRA

Можност за платена пракса во AXELTRA

Друштво за информатички технологии АКСЕЛТРА го проширува својот тим со нови практиканти кои ќе имаат можност да работат во областа на интернет маркетинг и управување со клиенти.


Практикантите ќе бидат вклучени во работниот процес, конкретно во следните области:

-    Интернет маркетинг и предпродажба
-    Истражување на пазар
-    Маркетинг преку социјални медиуми
-    E-mail маркетинг
-    SEO техники
-    AdWords кампањи


 Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

-    Да се студенти или дипломирани (предност имаат студентите и дипломираните од насока E-Бизнис или Mаркетинг);
-    Да имаат општи познавања од интернет маркетинг;
-    Да имаат добро познавање од англиски јазик;
-    Да имаат добри познавања од MS Office;
-    Да бидат во можност да извршуваат пракса од понеделник до петок од 09:00 – 17:00 часот.

Праксата е со времетраење од три месеци и ќе се извршува во канцелариите на АКСЕЛТРА. Практикантите ќе добиваат однапред утврдена редовна месечна исплата.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат на jobs@axeltra.com и да испратат свое CV со назнака “Marketing Internship”, најдоцна до 08.10.2018 година.
Кадидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.