Разрушени фасади, уништени излози и народ по улиците - каква е состојбата во албанските градови по земјотресите

Разрушени фасади, уништени излози и народ по улиците - каква е состојбата во албанските градови по земјотресите

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина мунити се случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја, пренесе МИА.

Првиот земјотрес е регистриран во 16:04 часот по локално време со магнитуда од 5.8 по Рихтер и епицентар во Јадранско Море на длабочина од десет километри, на шест километри од Драч и 34 километри од Тирана. Вториот земјотрес бил во 16:15 со магнитуда од 5.5 по Рихтер со епицентар на длабочина од три километри и на седум километри од Драч.


Земјотресите предизвикаа паника кај жителите на Албанија, кои веднаш излегоа на улица. Одредени медиуми пренесоа дека во селото Хељмес се урнале неколку куќи и дека две лица се тешко повредени, а потоа пристигнаа вести за седуммина повредени.


Веднаш по земјотресот медиумите почнаа да пренесуваат снимки и фотографии од штетите. На оваа снимка може да се видат штетите на Геолошкиот универзитет во Тирана.


Ова се последиците од земјотресите.

Состојбата во маркет во Драч по земјотресите
Фото: Albeu

Уништен излог во продавница во Тирана
Фото: Albeu

Фото: Albeu


Фото: Albeu

View this post on Instagram

"JOQ, demet e termetit durres porto-romano".

A post shared by JOQ Albania (@joqalbania) on

View this post on Instagram

Durrës.

A post shared by JOQ Albania (@joqalbania) on

View this post on Instagram

Tiranë.

A post shared by JOQ Albania (@joqalbania) on


Инаку, на интернет-страницата на албанскиот Институт за геонауки, енергија, вода и околина може да се види дека изутринава имало уште еден земјотрес, кој бил послаб (3,2 степени).

Фото: IGJEUM (Printscreen)

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје соопшти дека првиот земјотрес, кој е на 190 км југозападно од Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 5.6 и беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора и Косово.