За новинарката Златка Пурковиќ, која слика со срмен конец, професорот Владимир Роме, кој паралелно се занимава и со музика... Што пишувавме неделава

За новинарката Златка Пурковиќ, која слика со срмен конец, професорот Владимир Роме, кој паралелно се занимава и со музика... Што пишувавме неделава

„Филигранот ми помогна да излезам од здравствената криза“, вели новинарката во пензија Златка Пурковиќ, која слика со срмен конец

Вистинска мајсторија се ракотворбите што пензионираната новинарка Златка Пурковиќ од Прилеп ги изработува со техниката филигран. Нив ги краси прецизност, емотивност, хармоничен колорит и уникатна декорација како со рака недопрена. Ова е техника на сликање или изработка на накит и украси со срмен конец. Прво ја изработува шемата на која со срма, со помош на лепило, ја оформува сликата или изработката.

Булинг, дигитална зависност и притисок од социјалните мрежи се причина за раст на бројот на деца и тинејџери што бараат помош на Клиниката за психијатрија

„Сè повеќе млади во нашата земја носат тивка болка зад насмевките – болка што станува видлива дури кога ќе се осмелат да побараат помош. А ние, возрасните, сме должни да ја слушнеме и да реагираме навреме“, велат за Факултети.мк од Универзитетската клиника за психијатрија.

„Eлектротехниката подобро се учи со музика“ , вели Владимир Роме, професор во средното техничко училиште во Битола, кој паралелно се занимава и со музика

Уште во трето-четврто одделение почнал да ги прави првите електронски склопови, а во четврта година средно кога професорот го прашал што сака да биде, без размислување одговорил: „Ќе ви бидам колега и професор во ова училиште“. По неколку години Роме се вработил во Техничкото училиште, кое сега го носи името „Ѓорѓи Наумов“, и до денес е професор по предмети од електротехничка струка