Фановите открија грешка во серијата „Пријатели“. Дали сте ја забележале?

Фановите открија грешка во серијата „Пријатели“. Дали сте ја забележале?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во 90-тите години креаторите на ситком-серијата „Пријатели“ никогаш не би ни помислиле дека фановите ќе ја гледаат серијата без престан, епизода по епизода, сезона по сезона, и ќе ја откриваат секоја малечка грешка, бизарност или нелогичност.

Но, благодарение на „Нетфликс“, дадена ни е опција повторно да ја гледаме, но истовремено ова ни овозможува да ја преиспитаме и анализираме секоја сцена и да ги споделиме нашите откритија на интернет.

Така, не е изненадување тоа што фановите на „Пријатели“ најдоа уште еден многу чуден детаљ во една од епизодите кога друштвото ја игра играта „Среќни денови“, која вклучува соблекување.

Имено, во финалето од третата сезона во епизодата „The One At The Beach“, Моника, Чендлер, Фиби, Рос и Рејчел одлучуваат да се здружат против Џои во текот на оваа игра, терајќи го да соблече сè освен неговите боксерки. Сите се облечени освен Моника, која ги изгубила фармерките.

monika
Фото: Netflix


Сето ова е забавно затоа што е на сметка на Џои, но еден редит-корисник посочи дека ова е уште еден пример за тоа колку братско-сестринската врска меѓу Рос и Моника достигнала ниво на непријатност.

- Дали некогаш сфативте дека Рос игра „Покер на соблекување“ со својата сестра во куќата на плажата? - пишуваат редит-корисниците.

- Да, на моменти тие се премногу блиски - пишува друг фан.