Бесплатен онлајн-курс за квантно пресметување од ЦЕРН

Бесплатен онлајн-курс за квантно пресметување од ЦЕРН

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Европскатa организација за нуклеарно истражување, позната како ЦЕРН, има бесплатен онлајн-курс за квантно пресметување. Првата лекција беше одржана месецов, а последната ќе биде одржана на 18 декември. Меѓутоа, сите лекции се достапни на официјалната веб-страница на ЦЕРН во секој момент.

Квантното пресметување е пресметување кое нуди невидени брзини и некогаш вклучува калкулации кои постојните компјутери не може да ги направат во краток временски период. Никој не знае точно колкава може да биде примената на квантните пресметувања, но тоа веројатно ќе се користи за побрзо решавање проблеми кои вклучуваат многу променливи и наоѓање најдобар начин на дејствување во криза. Со квантното пресметување треба да се подобрат и моделите за временски прогнози, а експертите велат дека од оваа технологија ќе имаат добивка сите индустрии.

Во курсот од ЦЕРН се разгледуваат основните концепти на квантното пресметување и неговата примена. Не мора да имате претходно знаење за да го слушате курсот, но се препорачува основно познавање на линеарна алгебра и програмскиот јазик „Пајтон“.

Сите лекции од курсот може да ги најдете овде.

Автор: Том Максвел
Извор: inputmag.com
Насловна фотографија: Pexels