Студентските ваучери стартуваа и процесот се одвива брзо и без проблеми, трговците - спремни, но резервите брзо се трошат
По повеќемесечни очекувања стартува програмата за студентските ваучери за 2025 година, а речиси 10.000 студенти веќе го подигнале својот одбран уред од економските оператори, што значи дека првите денови од програмата се со неочекувано голема реализација.
Според информациите од терен, интересот кај студентите е огромен и процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега функционира без застој.
Од ИТ-секторот велат дека се соочуваат со најголемиот прилив на млади купувачи во последните години, но додаваат и дека се подготвени многу подобро од кога било. Некои од поголемите трговци во технолошкиот сегмент веќе имаат имплементирано дополнителни системи за организација и оптимизирање на процесот.
Подготовките започнале уште пред три месеци
Од компанијата „Анхоч“, која моментално има најголем број искористени ваучери, истакнуваат дека веќе неколку месеци интензивно работеле за да создадат беспрекорен процес за реализација на студентските ваучери со цел да може да одговорат брзо и ефикасно на барањата на студентите.
Во разговор за нашата редакција, од тимот на „Анхоч“ велат:
- Целата кампања ја подготвувавме уште од летото, повеќе од три месеци. Почнавме со голема студентска анкета преку која го слушнавме мислењето на студентите. Нѐ интересираше што им е потребно, што им недостига и што очекуваат од ваучерите. Врз база на таа анкета ја креиравме понудата за најпотребните уреди.
Оттаму дополнуваат дека уште пред официјалниот старт на ваучерите бил лансиран системот за предрезервации, со цел студентите да можат со сигурност да го обезбедат точниот модел што го сакаат.
- Со предрезервациите им обезбедивме сигурност и ред. Илјадници уреди беа резервирани однапред, со што студентите обезбедија сигурна резерва, а избегнаа стрес и чекање. Со активирањето на ваучерите, за најбараните уреди, за во Скопје го активиравме и автоматизираниот систем за закажување термини каде што секој студент добива сопствен линк, ги одбира датумот, времето и локацијата за подигнување. Така сите се услужени навреме и без метеж - појаснуваат од „Анхоч“.
Студентите задоволни
Првите реакции на студентите се позитивни. Голем број од нив веќе го подигнале и го искористиле својот ваучер и велат дека процесот за аплицирање и реализација е лесен и брз со исклучок на првиот ден кога имало бавен одѕив на веб-страницата за аплицирање.
Голема побарувачка
Со официјално најавени над 55.000 ваучери, ИТ-секторот е под висок притисок, но компаниите уверуваат дека се подготвени за динамиката. Дел од моделите веќе се продадени, но нови резерви ќе пристигнат во следниот период.