Кинеската влада доделува 5 стипендии за додипомски, магистерски, докторски студии и специјализации
Владата на Народна Република Кина за академската 2021/2022 година доделува 5 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (2 стипендии доделени од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии), соопшти Министерството за образование и наука.
Краен рок за пријавување е 13.02.2021 година.
Подетални информации може да се добијат на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет-страниците: http/www.campuschina.org и http//en.csc.edu.cn/studyinchina.
Прифатените кандидати ќе ги започнат студиите од септември 2021 год.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.
За информирање кои документи се потребни и за нивно преземање, кликнете
ТУКА.