За Ѓорѓина Цениќ - доктор на науки на 26 години, најдобриот научник за медицински науки, петкратниот шампион во стрелаштво од средни училишта... Што пишувавме неделава
Ѓорѓина Цениќ од Македонија стана доктор на науки на 26 години: „Словенија им дава државјанство по скратена постапка на талентираните истражувачи“
Талентираната Ѓорѓина Цениќ од Македонија влезе во друштвото на најмлади доктори на науки во образовниот систем на Словенија откако на Институтот „Јожеф Стефан“ во Љубљана, пред меѓународна комисија составена од професори од универзитети од Франција, Холандија и Словенија, ја одбрани својата докторска дисертација.
Проф. д-р Драган Мијакоски, специјалист по медицина на трудот, пулмологија и алергологија, кој учествуваше во развојот на европските стандарди за превенција, дијагностика и третман на повеќе професионални болести, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ беше прогласен за најдобар научник за медицински науки и здравство за 2024 година.
Вања Арсиќ петта година по ред освојува злато на државниот натпревар по стрелаштво: „Недостига стручен кадар, а опремата и оружјето ги набавуваме од странство“
Веќе петта година по ред на регионалните и државните натпревари по стрелаштво, прво како основец, а сега и како средношколец, освојува златни медали. Вања Арсиќ, ученик во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, на годинашното државно првенство за основни и средни училишта, кое на 28 ноември се одржа во Скопје, победи во категоријата средни училишта – мажи, во дисциплината 10 метри воздушна пушка, освојувајќи го петтото злато.