Објавена листата со најиновативните земји во светот

Објавена листата со најиновативните земји во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Според најновиот Индекс за иновации за 2020 година на „Блумберг“, Германија е најиновативната земја во светот. Веднаш зад неа се Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а меѓу првите десет се наоѓаат и Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Германија оваа година го зазеде првото место меѓу најиновативните земји во светот откако Јужна Кореја шест години се наоѓаше на врвот. Сингапур скокна за три места и го врати своето 3. место, додека економиите низ Азија покажаа напредок.

Јапонија и Нов Зеланд беа меѓу оние што ја изгубија позицијата од минатата година, додека Виетнам покажа голем напредок. Од земјите во регионот на листата на „Блумберг“ се наоѓа Словенија, која го зазеде 21. место, а Хрватска се најде на 43. место.

Годишниот индекс на иновации на „Блумберг“ веќе осма година по ред анализира десетици критериуми користејќи седум метрики, вклучувајќи трошоци за истражување и развој, производство на способност и концентрација на високотехнолошки јавни компании. Индексот беше објавен непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде што иновациите ќе бидат клучната тема на состаноците до 24 јануари.

blumberg
Фото: Bloomberg


Најголемо изненадување е Виетнам, која се искачи за три места, на 57. место. Виетнам беше поздравен како „лидер за е-трговија“ затоа што ги намали регулативите и ја подобри прекуграничната трговија.

- Добро е што Виетнам разви реформи што се фокусираат на образованието, вештините, инфраструктурата и социјалната безбедност и се обидува да ги реши бариерите што ги спречуваат жените, малите бизниси и традиционално маргинализираните групи целосно да учествуваат во дигиталната економија - изјави Ребека Ста Марија, извршна директорка на Секретаријатот за економска соработка во Азија и Пацификот.

Процесот на рангирање во 2020 година почна со повеќе од 200 економии. Секоја економија доби оцена на скала од 0 до 100 врз основа на седум еднакви категории. Нациите што не пријавиле податоци за најмалку шест категории биле елиминирани, така што останале само 105 економии. „Блумберг“ ги објави најдобрите 60 економии.