Почина Аки Рахимовски

Почина Аки Рахимовски

Александар Рахимовски, пејачот на групата „Парни ваљак“, почина денеска во Словенија. Тажната вест беше соопштена на официјалната фејсбук-страница на неговата група.

-Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денес, 22.1.2022 година, засекогаш заспа Аки Рахимовски - стои во објавата.


Аки е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но потоа се сели во Скопје. Неговиот татко бил музички професор, па тој на седум години  започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави, но Аки се прослави како фонтмен на групата „Парни ваљак“, со која настапуваше повеќе од 30 години.