Ова е најуспешниот анимиран филм во историјата на Холивуд

Ова е најуспешниот анимиран филм во историјата на Холивуд

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Анимираниот филм „Зоотропола 2“ стана најуспешниот анимиран филм во историјата на Холивуд откако заработи 1,7 милијарди долари на киноблагајните.

Со тоа филмот го надмина досегашниот рекордер „Опаку наопаку 2“, кој во текот на 2024 година инкасира 1,69 милијарди долари.

„Зоотропола 2“ на самиот врв


Благодарение на овој резултат, „Зоотропола 2“ сега се наоѓа на 9. место на листата со најуспешни филмови на сите времиња, рамо до рамо со наслови како „Аватар“, „Титаник“, „Одмаздници: Завршница“ и „Војна на ѕвездите: Моќта се буди“.

Сепак, и покрај холивудскиот рекорд, најпрофитабилниот анимиран филм воопшто и понатаму е кинескиот хит „Не Жа 2“, кој минатата година заработи 2,2 милијарди долари, најголем дел на домашниот пазар во Кина.

„Зоотропола 2“, кој во кината пристигна во ноември и чиј буџет се проценува на околу 150 милиони долари, е продолжение на популарниот анимиран филм од 2016 година. Во приказната повторно се среќаваме со полицајката-зајчица Џуди Хопс (Џенифер Гудвин) и снаодливиот лисец-измамник Ник Вајлд (Џејсон Бејтман), кои заедно го истражуваат доаѓањето на мистериозниот жител Гери Д’Снејк.

Филмот уште во првиот викенд на прикажувањето, кој се совпадна со Денот на благодарноста во САД, оствари најголема почетна заработка во историјата за еден анимиран филм.

 

Најуспешни филмови на сите времиња:


„Аватар“ (2009) - 2,92 милијарди долари
„Одмаздници: Завршница“(2019) – 2,79 милијарди долари
„Аватар: Патот на водата“ (2022) - 2,25 милијарди долари
„Титаник“ (1997) - 2,26 милијарди долари
„Не Жа 2“(2025) - 2,21 милијарда долари
„Војна на ѕвездите: Моќта се буди“2015) - 2,07 милијарди долари
„Одмаздници: Војна на бесконечноста“ (2018) - 2,05 милијарди долари
„Спајдермен: Нема пат до дома“ (2021) - 1,92 милијарди долари
„Зоотропола 2“ (2025) - 1,70 милијарди долари
„Опаку наопаку 2“ (2024) - 1,69 милијарди долари

Извор: BIZlife.rs
Фото: Screenshot/Youtube