Македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март

Македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март

Подготвил: С.Ѓ.

Лектор: Ивана Кузманоска

Откако ја доживеа светската премиера на големиот Берлински филмски фестивал, новиот филм на Теона Стругар-Митевска - „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе ја има македонската премиера на 15 март во киното „Милениум“ во Скопје.
Ова остварување веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација. На премиерата во „Милениум“ режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.

Наградата Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, која ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Пофалните зборови за овој македонски филм не застанаа тука. Одличен одѕив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и главната актерка Зорица Нушева. Во филмот играат: и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Мони Дамевски и други.