Уште една адаптација на култни романи: Доаѓа „Скарпета“ со Никол Кидман и Џејми Ли Кертис

Уште една адаптација на култни романи: Доаѓа „Скарпета“ со Никол Кидман и Џејми Ли Кертис

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Скарпета“, екранизацијата на хит-романот на Патриша Корнвел, доаѓа на „Прајм видео“, а главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Џејми Ли Кертис. Веќе е објавен трејлерот за оваа серија, која е базирана на истоимените бестселери на Патриша Корнвел кои се продадоа во повеќе од 120 милиони примероци низ целиот свет во текот на изминатите 30 години.

Кидман ја игра д-р Кеј Скарпета, брилијантна и неуморна форензичарка, која решително им дава глас на жртвите, разоткрива сериски убиец и се обидува да докаже дека случајот што ја одбележал нејзината кариера пред 28 години нема да стане и нејзина пропаст. Џејми Ли Кертис ја игра нејзината сестра Дороти Фаринели, а во екипата се и Боби Канавале како детективот Пит Марино, Сајмон Бејкер како профилерот на ФБИ, Бентон Весли, и добитничката на„ Оскар“ - Аријана де Боуз како нејзината технолошки генијална внука Луси.

Обожавателите се воодушевени од комбинацијата Кидман-Кертис, а многумина тврдат дека ова е престижен трилер-момент на годината. Оваа серија ќе почне да се прикажува на „Прајм видео“ на 11 март, во повеќе од 240 земји.

Извор: miss7.24sata.hr

Фото: YouTube screenshot