Водената мечка - едно од најиздржливите животни на Земјата

Водената мечка - едно од најиздржливите животни на Земјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Без вода, човек може да преживее околу 100 часа. Меѓутоа водената мечка е суштество кое без вода може да преживее со децении. Овие микроскопски животни со осум екстремитети можат да преживеат и во најжешките и најстудените средини, а можат и да издржат и високи нивоа на радијација.