Досега се направени 29.000 научни студии за коронавирусот

Досега се направени 29.000 научни студии за коронавирусот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Додека поголемиот дел од населението во светот почна да ги откажува сите планови, некои луѓе се зафатени повеќе од вообичаено.

Истражувачите и научниците имаат предизвик да најдат лек за коронавирусот со кој се соочува светот во моментов.
Откако се појави коронавирусот во декември 2019 година, научниците направиле 29.000 истражувања поврзани со вирусот.


Фото: Pixabay

Истражувањата, кои вклучуваат публикации во весници и научни изданија, може да се најдат во отворената база на податоци за Ковид-19, производ на соработка помеѓу повеќе американски институции, меѓу гои Националниот институт за здравје и „Мајкрософт“. Овие истражувања, кои беа објавени во понеделникот, содржат информации за вирусот, но и медицинска литература.


Фото: Pixabay

Полесно значи побрзо – а за научниците што брзаат да создадат вакцини додека коронавирусот продолжува да се шири, времето е најважно. Оваа база на информации ќе продолжи да се надополнува со новите објавени истражувања.

Автор: Кони Лин
Извор: fastcompany.com