Цементарница УСЈЕ АД Скопје вработува инженер во смена во погон за производство

Цементарница УСЈЕ АД Скопје вработува инженер во смена во погон за производство

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од
најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Инженер во смена во Погон за производство
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за координација и контрола на работењето во Погон за Производство заедно со постапките за одржување за време на втора и трета смена, викенд и државни празници со цел непречено одвивање на процесот на производство и максимално користење на постоечките капацитети.

Се грижи за целокупниот технолошки процес во Погонот за производство како и за исправноста на постројките во отсуство на останатиот раководен кадар, со цел да се обезбеди континуиран процес на производство на цемент со соодветен квалитет. Воедно, обезбедува тимска работа на вработените во текот на смената и пренесува информации за успешно работење и на другите смени.

Работното време се одвива во 3 смени. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:
- Технички факултет, ВСС/VII степен - 240 кредити (Технолошки, Машински, Електротехнчки факултет)
- Работно искуство од минимум 2 години во индустрија
- Познавање на MS Office, MS project
- Одлично познавање на англискиот јазик

Конкурентски предности:
• Познавање на SAP или сличен ERP софтвер
• Високо ниво на деловна комуникација (усна и писмена)
• Високо ниво на интегритет и доверливост
• Агилност и желба за работа во средина со високи барања
• Одлични аналитички способности
• Посветеност, мотивираност, иницијативност
• Тимска работа и кооперативност
• Решавање проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува
соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална
ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата
на Цементарница УСЈЕ www.usje.mk .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.