Цените на куќите најмногу паднале во овие земји

Цените на куќите најмногу паднале во овие земји

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Цените на куќите се намалуваат низ светот. Поточно, податоци објавени од Светскиот економски форум покажуваат дека цените на домовите приспособени на инфлацијата се намалуваат во две третини од земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Податоците се однесуваат на цените за последниот квартал, во однос на претходниот период од три месеци. Може да се забележи дека намалувањето на цените на куќите е најголемо во Данска и во Нов Зеланд. Следуваат Шведска, Канада, Колумбија, Бугарија, Летонија, Унгарија и Чешка. Куќите најмалку поевтиниле во Шпанија, Ирска и во Саудиска Арабија.


Фото: IMF

Податоците покажуваат дека пазарите на недвижности се приспособуваат на растечките каматни стапки како што централните банки се обидуваат да ја забават инфлацијата. Главната каматна стапка се зголемила за просечно 4 процентни поени во големите економии.

Каматните стапки играат клучна улога во одредувањето на цените на недвижностите, како и растот на приходите на населението и други фактори.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay