А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што го нуди „Нетфликс“, водечката светска стриминг-услуга

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што го нуди „Нетфликс“, водечката светска стриминг-услуга

Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со „Нетфликс“, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници. По тој повод, како дел од специјалната понуда, А1 Македонија го подарува „Нетфликс бејзик“ дo 12 месеци на сите корисници што ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот A1 Combo договор.

Сите корисници на „Нетфликс“ може да ги гледаат содржините на смарт-телевизори, мобилни телефони, таблет, стриминг-уреди или конзоли за гејминг кои се поврзуваат со интернет и нудат Нетфликс апликација или преку netflix.com. Оваа стриминг-платформа нуди голем број серии и филмови за сечиј вкус, меѓу кои и најгледаните фаворити Stranger Things, Rebel Moon, The Witcher, Leo, Black Mirror или Leave the World Behind.

- Со големо задоволство го најавуваме вклучувањето на „Нетфликс“ во нашата понуда, што претставува уште еден иновативен чекор на А1 Македонија кон обезбедување премиум содржини и супериорно корисничко искуство. Со понудата за пристап до оваа популарна услуга, на нашите корисници им го носиме најдоброто од забавата од удобноста на нивниот дом на супериорна оптичка мрежа. Со континуирано збогатување на нашето портфолио на услуги, се стремиме да ги надминеме стандардните телеком понуди, нудејќи премиум услуга која е уште подобро приспособена на потребите и желбите на корисниците - изјави Методија Мирчев, извршен директор во А1 Македонија.



Подетално, корисниците што ќе склучат нов или ќе го обноват својот A1 Combo договор со вклучена интернет тарифа А1 Net L и минимум една мобилна линија, добиваат подарок 12 месеци „Нетфликс бејзик“, додека за A1 Combo M пакет со вклучена A1 Net M тарифа и барем една мобилна линија, корисниците добиваат подарок 6 месеци „Нетфликс бејзик“. По овој период, корисниците можат да продолжат да користат „Нетфликс“ преку А1, а регуларната претплата за „Нетфликс“ планот ќе биде додадена во месечната сметка за А1 Combo.

Покрај оваа A1 Combo понуда, услугата „Нетфликс“ преку А1 можат да ја активираат сите постпејд и фиксни корисници на А1. „Нетфликс премиум“ планот е достапен за 615 денари месечно, „Нетфликс стандард“ за 492 денари месечно, додека „Нетфликс бејзик“ планот е достапен со цена од 307 денари месечно.

Корисниците на А1 можат да активираат „Нетфликс“ и да управуваат со услугата преку апликацијата Мојот А1. Оние што веќе имаат корисничка сметка на „Нетфликс“, можат да ја префрлат преку А1 без да креираат нова.

Со збогатувањето на продуктното портфолио со содржините на светски познатата стриминг-платформа, А1 Македонија ја докажува својата посветеност во креирање понуди за супериорно корисничко искуство и ја потврдува својата позиција на пазарот како компанија која носи иновативни дигитални решенија кои нудат уште повеќе вредност за сите.

(Комерцијална објава)