Од следниот месец ќе има делумна легализација на канабисот во Германија

Од следниот месец ќе има делумна легализација на канабисот во Германија

Германскиот Парламент денеска одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април.

Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на денешната седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом).

Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму.

Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив.

Извор: МИА