Зошто кучињата ја вадат главата низ прозорец од автомобил во движење?

Зошто кучињата ја вадат главата низ прозорец од автомобил во движење?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно додека сте возеле автомобил сте забележале како некое куче ја вади главата низ прозорецот, уживајќи во ветрот што му го милува крзното. Се разбира, со испружен јазик.

Има многу причини зошто кучето одлучува да ја извади главата низ прозорецот на автомобил во движење, но едно е сигурно, тоа е неговата сензорна табла.

Иако кучињата гледаат помалку нијанси и често се кратковиди, нивното видно поле може да биде до 250 степени (во споредба со нашето кое е 180 степени) и подобро го перципираат движењето. Кучињата можат да откријат повеќе фрејмови во секунда отколку што можеме ние, што значи дека иако автомобилите што поминуваат ни изгледаат матно, тие сепак можат да бидат остри и јасни за кучињата.

И мирисот е важен елемент

Сетилото за мирис на кучето е многу посилно од нашето. Носот на кучињата има 300 милиони рецептори за мирис, во споредба со нашите скромни 6 милиони, а регионот на мозокот посветен на дешифрирање на овие хемиски знаци е 40 пати поголем.

Кога издишуваме, потрошениот воздух излегува така како што влегол. Кога кучињата издишуваат, воздухот излегува низ процепите на страничните делови од нивниот нос, а потоа се врти наоколу, создавајќи струи кои внесуваат нови мириси. Ова им овозможува на кучињата да вдишуваат речиси непрекинато и тоа им помага мирисот да биде нивниот примарен начин на толкување на светот.

Така, напливот на воздух од отворениот прозорец во автомобилот во движење е „ракетно гориво“ за сетилниот систем на кучето, но има уште една причина зошто кучињата толку многу сакаат да ја вадат главата низ прозорец.

Од истата причина како што некои од нас сакаат да патуваат во автобуси со отворен покрив или да се возат во кабриолет со спуштен покрив, едноставно им е забавно.

 

Извор: 24sedam.rs

Фото: Freepik