Оглас за работа во Германија. Нето плата: 1500 евра

Оглас за работа во Германија. Нето плата: 1500 евра

Оглас за работа во германска компанија OFS Online Fluid Sensoric GmbH.

Германска компанијата има потреба од стручно лице со работно искуство во некоја од следниве области: прецизна механика, часовничар, златар или забен техничар.

Работни задачи:
- Монтажа, центрирање, лемење и сврзување на жици и мали делови
- Работа со лепила и растворувачи
- Работа со скапи благородни метали
- Топење на фино стакло
- Сврзување, монтажа, центрирање под микроскоп
- Производство на мали серии
- Лепење под микроскоп

Потребни квалификации:
- Мирно и избалансирано лице
- Добри моторни вештини и способности
- Сигурност и прецизност
- Добар вид
- Доверба, издржливост и тимска работа
- Подготвеност за учење, посветеност и мотивација
- Подготвеност за учење на германски јазик
- Лицето да е на возраст помеѓу 30 и 40 години
- Пожелно е познавање на основен англиски или германски јазик

Ние нудиме:

- почетничка нето плата:1.500,00 Евра
- пробна работа 3 недели, платени трошоци за пат и сместување
- компанијата презема трошоци за курс по германски јазик

Работно место: Ронебург, Германија
Работно време: 40ч неделно, понеделник до петок
Можност за договор на неопределено

Ве молиме да ја доставите Вашата биографија на англиски/ германски или македонски јазик и мотивациско писмо со напомена апликација за работа позиција во фирмата Online Fluid Sensoric најдоцна до 30.05.2019 на следниов мејл: jobs@mazedonien.ahk.de

Повеќе информации за компанијата: https://www.water-monitoring.com/unternehmen/