Гратче на милионери за кое не знаат многу луѓе, а го нема ни на „Гугл мапс“
Сте слушнале ли за Норт Оукс? Малкумина слушнале. Станува збор за осамено предградие во округот Ремзи во американската сојузна држава Минесота, кое е оддалечено околу 15 минути од центарот на Сент Пол.
Тоа е затворена заедница која се протега на околу 23 квадратни километри, опкружена со приватни патишта, па до неа не може да се стигне освен ако не сте поканети.
Иако околу целата заедница се истакнати натписи на кои стои „Строго забранет пристап“, Гугл“ не обрнуваше внимание на овие предупредувања и дигитално го мапира гратчето во 2007 година. Кога заедницата истакна дека возилото на „Гугл“ неовластено поминало низ нивните приватни улици и се закани со тужба, Норт Оукс многу брзо беше отстранет од „Стрит вју“.
Што кријат жителите на Норт Оукс?
Се прашувате што кријат жителите на Норт Оукс? Местото се опишува како скриен рај и најдобро место за живеење во оваа американска држава. Според некои податоци, овде живеат околу 5.300 жители, главно богаташи со годишни примања поголеми од 230 илјади долари и сакаат да ја заштитат својата приватност.
За жал, не успеаја да го заштитат и воздушниот простор над својата заедница. Кога јутјуберот Крис Пар, лиценциран оператор со дрон, го откри тоа, одлучи од воздух да ја сними оваа затворена заедница.
Што сними Крис Пар во Норт Оукс со дрон, погледнете во неговото видео на „Јутјуб“ во продолжение на текстот.
Фото: скриншот/јутјуб