Кардиолог преживеал инфаркт и советува кои знаци не треба да ги игнорирате

Кардиолог преживеал инфаркт и советува кои знаци не треба да ги игнорирате

Кардиолог што преживеал срцев удар укажа на некои знаци кои покажуваат дека навистина не сте добро, но многумина ги игнорираат. За што станува збор?

 Д-р Џереми Лондон на својот инстаграм-профил, преку низа кратки видеа, нуди совети за здравјето на пристапен, народен јазик. Така укажа и на малите знаци што можат да претходат на инфаркт.

- Не зборуваме за тренинг, ниту за екстремни напори. Зборуваме за скали, носење кеси од пазар, оние мали нешта што ги правиме секој ден без размислување. Во тие моменти може да се појави знак - притисок во градите, чувство дека ни фали воздух. Не трае долго, не ве соборува, само ве присилува да застанете. Луѓето го игнорираат тој знак бидејќи телото како да „застанало“, не забележуваат дека тоа сака нешто да ни каже - објаснува кардиологот.


Што стои зад тој момент?


Ако споменатите симптоми се повторуваат, очигледно телото не го добива она што му треба. Срцето, кога е оптоварено, бара повеќе кислород, но ако крвните садови се затнати или стеснети, го нема доволно. А телото реагира онака како што знае - со застој, краток, но тоа е забележлив сигнал. Проблемот е што мнозинството го игнорираат тој сигнал, односно не го менуваат животот поради него: не одат по скали, туку со лифт, одат помалку и помалку се заморуваат, се обидуваат да му олеснат на телото. И така се навикнуваат на нешто што не е нормално. Ретко се појавува само еден сигнал, што воедно е и добро бидејќи е потешко да се игнорираат повеќе знаци. Отоци на нозете, отежнато дишење кога ќе легнете и замор кој не поминува често се појавуваат заедно, но често и се припишуваат на нешто друго - стрес, години или темпо на живот.


И така се игнорира сериозен проблем, се сведува на ќе помине само од себе. Но, се влошува. Полесно е да се поверува дека не е ништо отколку да се отвори прашање кое може да биде непријатно, но и спасоносно. Телото не испраќа сигнали без причина, особено не во моментите кога ќе се придвижите и ќе го оптоварите. Тоа не е минлива фаза, ниту обичен замор, туку јасен момент кој не треба да се потценува - предупредува д-р Лондон.

Извор: slobodnadalmacija
Фото: скриншот/инстаграм