Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Американ колеџ Скопје во академската 2019/2020 година

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Американ колеџ Скопје во академската 2019/2020 година

Врз основа на член 149 од Законот за високото образование (“Сл. весник на РМ“ бр. 82/2018) и согласно со Одлуката за распишување на конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје во академската 2019/2020 година од 15.05.2019 година, Ректорската управа на Универзитет Американ колеџ Скопје распишува

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА


На единиците на Универзитет Американ колеџ Скопје (во натамошниот текст: Универзитет) можат да се запишат вкупно 140 студенти на втор циклус студии (специјалистички и магистерски) во академската 2019/2020 годинa.

Дополнителни информации можете да најдете во прикачениот документ, како и на официјалната веб-страница на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.