Изумирањето на еден животински вид и климатските промени прикажани на една фотографија

Изумирањето на еден животински вид и климатските промени прикажани на една фотографија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Реката Којукук на Алјаска беше место на интересно откритие. Група професори од Универзитетот во Вирџинија забележале заб од мамут покрај брегот на реката.

- Ние сме група наречена „Сенкшуари лаб“, која работи на климатските влијанија на места од културно и еколошко значење. Додека бевме во посета на реката Којукук во близина на Колдфут, Алјаска, нивото на реката беше високо и таа течеше брзо, но мојата колешка Карен Мекглатери успеа да го забележи забот - вели Адриен Гали, докторанд за еколошки хуманитарни науки.

Гали ја поставила фотографијата на нејзиниот твитер-профил, а подоцна таа беше споделена на „Редит“ каде што објавата стана вирална со повеќе од 1.200 коментари.

- Сакавме да го проучуваме Арктикот, идејата за Арктикот како светилиште. Неверојатно е што некој успеа да го забележи забот. За време на последната глацијација и времето на Беринговиот копнен мост оваа област беше населена со многу животни што пасат, а мамутот бил еден од нив - вели Хауи Епштајн, претседател на Одделот за наука на животната средина на Универзитетот во Вирџинија.

- Ова било одлично место за живеење на волнените мамути. Оваа област е позната по многу остатоци од цицачи од ледената доба, меѓу кои и забите на мамутите - изјави Патрик Дракенмилер, директор на Музејот на северот на Универзитетот во Алјаска.

Дракенмилер рече дека ќе соработува со државниот археолог доколку сака да го извади забот.

- Не изгледа како безбедно место за ископување, но ако испадне, вистинската работа ќе биде да се однесе во музејот - рече тој.

mamut

Професорите што го виделе мамутскиот заб не ја заборавиле неверојатната глетка.

- Гледањето заб од мамут на самиот брег на реката беше навистина воодушевувачки момент. Изумирањето на еден вид и климатските промени во една слика - вели тој.

Извор: Npr.org
Фото: Adrienne Ghaly