Трудници ги притискаат гинеколозите за патолошка бременост зашто не можат да издржат на работа
Бремена сум 10 недели. Работата ми е таква што мора да одам и трета смена и на терен. Знаете колку знае да е топло и запурно во лето. Откако дознав дека сум бремена, 4 пати одам на разговор кај шефовите, но не ми излегуваат во пресрет да ме преместат на друга работна позиција, вели жена од Скопје.
Со проблем како нејзиниот, според гинеколозите, се соочуваат многу трудници. Се плашат да пријават за незаконското однесување на работодавците и ги молат да им помогнат со отворањето боледувања. Па освен што трудниците се под стрес и работат на позиции ризични за нивната состојба, тоа може да ја чини државата, која може да плаќа за нереални боледувања.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.