Нема кинo, но има сѐ повеќе нови филмски хитови - Ова се најдобрите

Нема кинo, но има сѐ повеќе нови филмски хитови - Ова се најдобрите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

За жал, сè уште не можеме да одиме во кината и во оваа фаза веќе заборавивме дека пред само неколку месеци оваа активност ја земавме здраво за готово.

Не се знае кога ќе отворат кината, но претпоставуваме дека еден од првите филмови ќе биде „Тенет“ на Кристофер Нолан. Се предвидува дека ќе биде огромен хит бидејќи сите сакаат да се вратат во нормалност еднаш кога кината конечно ќе се отворат.

Но, дотогаш сме осудени филмската забава да ја доживуваме во нашите домови. Иако не може да се спореди со искуството што го нудат кината, сепак некои филмови доживуваат премиера на голем дел од стриминг-сервисите. Еве што не треба да пропуштите.

„Irresistible“



Политичката комедија на Џон Стујард ги изнервира американските либералци кои ја нарекоа „премека сатира“, но тоа не значи дека не треба да ѝ дадете шанса. Дејствието на филмот го следи демократскиот стратег кој му помага на пензиониран ветеран да стане градоначалник во конзервативен американски град. Во главната улога се Стив Карел, Роуз Брн и Крис Копер.

„Greyhound“




Иако Том Хенкс не е пресреќен поради фактот дека во неговиот нов филм нема да уживате во кината, ова е единствениот начин да го погледнете. Главно, комбинацијата Хенкс и Втората светска војна секогаш се добар избор, а овој пат станува збор за приказната за неискусен американски капетан кој мора да го однесе на сигурно сојузничкиот конвој кој го прогонуваат нацистичките подморници.

„The King of Staten Island“




Џад Апатоу е прилично сигурен избор ако сакате да погледнете квалитетна комедија, а овој негов најнов филм раскажува за животот и кариерата на младиот комичар Пит Дејвидсон. Неговиот татко, кој бил пожарникар, починал во нападите на 11 септември и оттогаш се бори да си го врати животот во нормала.

„The High Note“



Ако сакате музички комедии, ова е солиден додаток на овој жанр. Станува збор за музичка дива која е на крајот на кариерата и за нејзината асистентка, која сонува да стане продуцентка.

„Downhill“



Најголемиот проблем на новата комедија на Џулија Луис-Драјфус и Вил Фарел е тоа што не е добра како оригиналот, но ако не сте имале можност да ја погледнете изворната верзија, би можеле да уживате во приказната за еден пар кој е присилен да го анализира својот живот и бракот откако во текот на едно патување поради лавина останува заробен во алпско одморалиште.

„The Old Guard“




Шарлиз Терон може сè, а веќе многу пати докажа дека е и одлична во акционите филмови. Овој пат таа е дел од тим платеници кои се разоткриени, по што се принудени да се борат за своите животи.

„Palm Springs“



Ако ви се допаѓа концептот на „И секој ден, мрмотот те поздравува“, веројатно ќе ви се допадне и оваа комедија која горе-долу има сличен заплет, но овој пат следиме двајца странци што се запознаваат на венчавка во Палм Стрингс и се заробени доживувајќи го истиот ден што постојано се повторува.

„Hamilton“



Нема што да се каже за најценетиот мјузикл на сите времиња за кој беше речиси невозможно да се добие билет.

„You Should Have Left“



Можеби не е најдобриот хорор што сте го гледале, но станува збор за убава приказна за прогонета куќа и семејство кое се сели и живее во неа и ја открива вознемирувачката приказна на куќата.

„Da 5 Bloods“


Спајк Ли има нов филм, а станува збор за воен филм чие дејство е сместено во Виетнам. Екипа ветерани се враќаат во Виетнам во потрага по остатоците од нивниот соборец и златото што тој им помогна да го сокријат.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube