Американска компанија произведува училишни клупи отпорни на куршуми

Американска компанија произведува училишни клупи отпорни на куршуми

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американската компанија за мебел „Фрст лајн фурничур“ (First line furniture) прави училишни клупи отпорни на куршуми. Компанијата соработува со креатори на заштитни клупи за да ги дистрибуира во училиштата низ САД. Целта е клупите да им помогнат на учениците да се заштитат при потенцијални напади со огнено оружје.

Во видео се покажува како учениците или наставниците може да ги наместат клупите пред врата и со тоа да се заштитат најмногу 30 деца.

Од компанијата изјавиле дека клупите се лесни за користење и движење, а биле тестирани против гренади, пушки и пиштоли.

При последното масовно убиство во училиште во САД на 24 мај беа убиени 21 лице, меѓу кои 19 деца.


Извор: Sky news
Насловна фотографија: