Ова е најголемиот мурал во Велика Британија што го чисти воздухот од јаглероден диоксид

Ова е најголемиот мурал во Велика Британија што го чисти воздухот од јаглероден диоксид

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Францускиот уличен уметник Нероне го создаде најголемиот мурал што го чисти воздухот во британскиот град Саутхемптон.

Муралот прикажува жена покриена со шарени цвеќиња, а се простира на 1.000 квадратни метри и не претставува само уметност, туку е и еколошки.

За да го создаде своето ремек-дело, Нероне користел боја за апсорпција на јаглероден диоксид од „Графенстон“. Бојата на база на вар апсорбира СО2, а Нероне проценува дека ќе повлече околу 65 килограми јаглероден диоксид од воздухот на годишно ниво. Тоа е еквивалент на околу три возрасни дрвја.

2

Муралот ја разубавува околината и ја трансформира бетонската деловна зграда. За Нероне било важно да додаде боја во просторот и да ја разубави локацијата.

На францускиот уметник и неговиот тим му биле потребни 17 дена за да го завршат уметничкото дело. Иако било прилично напорно, Нероне е задоволен од исходот.

- Би било неверојатно луѓето да сфатат дека можеме да правиме убави работи и да пренесеме позитивна порака додека ја чуваме и подобруваме нашата животна средина - вели тој.

1

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram/Hanna Judah