Што да направите ако гром погоди човек и што не треба да носите со себе при невреме

Што да направите ако гром погоди човек и што не треба да носите со себе при невреме

Иако ударите од гром во луѓе се ретки, кога ќе се случат, можат да имаат смртни последици. Затоа лекарите предупредуваат на одговорно однесување при невреме.

Силвија Тотар, д-р во Заводот за итна медицина на Град Загреб, објаснува:

- Ако лицето е без свест, треба да се сврти настрана. Ако бурата и грмотевиците уште траат, би требало да го засолните на сигурно место и да повикате брза помош. Притоа, секако, треба да видиме во каква состојба е лицето, дали дише, дали дава знаци на живот – вели д-р Тотар.

Таа истакна и дека треба да се слушаат метеоролозите:

- Ако нè предупредуваат дека времето ќе биде лошо, дека се спрема невреме со грмотевици, тогаш треба тоа да го земеме предвид и во согласност со тоа да се однесуваме... Никако не би смееле да носите со себе метални предмети, тоа се предмети што секојдневно ги носиме, на пример, чадори што имаат метален шилец. Сега е лето, па и чадорите за сонце што исто така имаат шилец одозгора не би смееле да ги имаме покрај себе - нагласи д-р Тотар.

Извор: бука
Фото: magnific