Резултат на хиперинфлација: Колку чинат основните производи во Венецуела?

Резултат на хиперинфлација: Колку чинат основните производи во Венецуела?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Замислете дека одите во ресторан и до моментот кога сте ја завршиле вечерата, нејзината цена двојно се зголемила. Тоа е реалноста со хиперинфлацијата, резултатот на печатење премногу банкноти за обемот на тоа стопанство, па така парите стануваат речиси безвредни.

Венецуела во моментов поминува низ тешка хиперинфлациска криза, што е најлош случај во светот по Зимбабве од 2007 до 2009 година. Се предвидува до крајот на годината стапката на инфлација да достигне до 1 милион отсто, неверојатно голем број што владата се обиде да го спречи со намалување на 5 нули од националната валута боливар и со воведување нови банкноти. Некое време ќе има мешавина од банкноти во оптек, а тоа ќе доведе до конфузни ситуации во врска со вистинската цена на предметите и трансакциите, особено за сиромашните Венецуелци кои немаат банкарски сметки. Овие луѓе се принудени да носат еден куп пари со себе за да ги купат најосновните предмети за домаќинството.

Замислете да морате да платите ролна тоалетна хартија во милиони, а нејзината вредност е помалку од половина евро. За да имате претстава што всушност се случува во Венецуела, венецуелскиот фотограф Карлос Гарсија Ролинс фотографира основни производи, како што се храна и хигиенски производи, до купот кеш што треба да го платите.

Ситуацијата е толку нестабилна, што вредноста на овие производи би можела да се смени додека завршите со разгледувањето на оваа галерија.