Како стратешки да комуницирате

Како стратешки да комуницирате

Комуникацијата е основен и важен аспект во функционирање на човештвото. Тоа е фундаменталната разлика која нè издвојува како хуманоиди, како човечки суштества (homo sapiens). Но, уште поважно е таа комуникација да се разбере и да се протолкува на научно ниво. На ниво на стратешко комуницирање.
Повисокиот степен на развој на одредена индивидуа подразбира и повисоко, постратешко комуницирање. Односно, комуницирање кое има одредена структура, стратегија да постигне нешто, да предизвика акција и реакција. Првпат во Македонија, Факултетот за медиуми од Љубљана, Словенија ((https://fame.si/phd-strategic-communication), им нуди можност на нашите потенцијални доктори на науки да работат во сферата на стратешкото комуницирање.

Факултетот нуди можност секој докторанд, професионално, да се посвети на изучување на комуникацијата од разни аспекти и области, како што се правото, политиката, јавната администрација, историјата, информатиката, бизнисот и граѓанското општество. Секако, основната цел е да ги запознае и совлада најновите инструменти за постигнување знаење и истражување од областа на комуникациската наука и сродните дисциплини.



Секој кандидат треба да ги исполни основните услови за да стане докторанд во Словенија. По ова, уписот на ФАМ, кој е еден од најстарите факултети каде што докторските студии се изведуваат според Болоња-системот, ќе биде без диференцијални испити и кандидатот ќе полага два предмети и ќе изработи два семинарски труда. Важно е што кандидатите од Македонија ќе имаат можност да одбираат на кој јазик ќе ја пишуваат и да ја одбранат својата докторска теза - на српски или на англиски јазик. Наставата, секако, се одвива на англиски јазик.
Секако, она што е добро за потенцијалните доктори на наука е дека се доволни само 4 до 5 викенди во Љубљана за сите предавања. Впрочем, наставата се организира колоквијално, со цел докторандите да можат да ги проследат сите предавања. Но, ако докторандот не е во можност да присуствува на некое предавање, тоа е достапно преку онлајн-училницата MOODLE. Целта е растојанието меѓу Македонија и Словенија да не влијае врз квалитетот на едукацијата.



Идниот доктор на науки ќе стекне фундаментални теоретски и методолошки знаења од областа што ја избрал за свое поле на научен интерес. Ваквата цел се постигнува со добро структурирани докторски студии, каде што кандидатот е воден од искусен супервизор. Процесот се реализира преку методолошки курсеви, два изборни теоретски курсеви, две семинарски и пишување на докторската дисертација.
Нивното присуство на двата докторски семинари во Љубљана подразбира учество на диспозитивен семинар (на кој докторандот ќе ги претстави почетните точки за својата докторска теза) и дисертациски семинар (на кој ќе се презентираат прелиминарните наоди од дисертацијата). Секако, докторандот може и препорачливо е да се вклучи во меѓународни истражувачки проекти кои се реализираат на ФАМ (www.fame.si).

Основната цел на студиската програма е насочена кон знаење и владеење на врвни вештини и инструменти за истражувања во областа на комуникациските студии и сродните дисциплини. Притоа, секој доктор на наука по стратешко комуницирање ќе стекне многу компетенции (https://www.fame.si/doktorski-studij-stratesko-komuniciranje/splosne-kompetence), како што се способност да идентификува истражувачки проблеми, да анализира и да најде соодветно решение, да создава нови знаења како релевантен придонес во науката, да ги владее методите, процедурите и процесите на истражувачка работа и можност да реши одреден проблем. Освен ова, тој ќе користи иновативни процеси при употреба и при создавање комбинации од емпириските истражувачки методи (триангулација) и ќе биде способен да стекне, селектира, оцени и имплементира нови знаења на комплексен начин. Ќе биде способен за сеопфатно толкување на промените и да формира и имплементира оригинални научни решенија за дадени социјални проблеми. Ќе биде посветен на професионалната етика и ќе знае да ги презентира добиените резултати во релевантна научна периодика.



Секако, добивањето диплома од Факултетот за медиуми (www.fame.si) ќе значи можност за европска и светска научна кариера.
Забелешка: За сите информации, идните доктори на науки може да дојдат на информативниот ден кој се организира на 2.09.2019 година во 17:30 часот во хотел „Солун“, во центарот на Скопје, кога професори од овој факултет ќе бидат присутни во Македонија и ќе ги објаснуваат сите потенцијали за студирање во Словенија.

(Комерцијална објава)