Кој е најевтин град во Европа?

Кој е најевтин град во Европа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Тирана ретко се наоѓа на листата на светските патници. Но, овој пат, во истражувањето спроведено од „Пост офис травел мани“, Тирана се најде на првото место како најевтин град во Европа.

Станува збор за истражување што ги спореди типичните трошоци за викенд-патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува ноќевање во хотел со три ѕвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

Барометарот на градските трошоци покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите градови што се најдоа на листата - во просек 160 евра. Кафето во овој град ќе ве чини 0,68 евра, а за две ноќевања ќе платите само 72 евра.

На второ место на листата се најде градот Катовице на југот на Полска, а на трето главниот град на Литванија, Вилнус.

Главниот град на Хрватска се најде меѓу топ-10 за викенд-одмор, односно на седмото место. Викенд-патување во Загреб ќе ве чини околу 246 евра.

grad
Фото: Freepik

Оваа година Осло се покажа како најскап град во Европа за викенд бидејќи ќе ви требаат над 500 евра. Во просек, ќе платите речиси 9 евра за пиво и 190 евра за две ноќевања во хотел со три ѕвезди.

Ова се најповолните европски градови во 2021 година според барометарот на градски трошоци:

1. Тирана, Албанија (вкупна цена 157 евра)
2. Катовице, Полска (вкупна цена 195 евра)
3. Вилнус, Литванија (вкупна цена 195 евра)
4. Лисабон, Португалија (вкупна цена 195 евра)
5. Рига, Латвија (вкупна цена 217 евра)
6. Варшава, Полска (вкупна цена 225 евра)
7. Загреб, Хрватска (вкупна цена 246 евра)
8. Будимпешта, Унгарија (вкупна цена 254 евра)
9. Братислава, Словачка (вкупна цена 257 евра)
10. Краков, Полска (вкупна цена 263 евра)

Извор: Daily Mail
Фото: Freepik