Наградата „Прозарт“ доделена на романскиот писател Картареску

Наградата „Прозарт“ доделена на романскиот писател Картареску

Романскиот писател Мирча Картареску е добитник на наградата „Прозарт“, која му ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Во Даут-пашиниот амам во Скопје наградата синоќа му ја врачи претседателот на Одборот за доделување на наградата, Ермис Лафазановски.
- Годинава лауреат на наградата „Прозарт“ е човекот кој за себе вели дека пишува затоа што сака да донесе и да внесе малку добрина во светот - рече Лафазановски.



Секој од авторите-гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даут-пашиниот амам читаа и поетот Гојко Божовиќ од Србија, писателите Оливера Ќорвезироска, Анте Томиќ и Миљенко Јерговиќ од Хрватска и Јоана Николае од Романија. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на „Скопје fellowship“ програмата.

Фестивалот го затвори неговиот основач, Дејан Трајкоски, со полминутно молчење во чест на неговата омилена годишнина од сите – 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.