Веднаш ажурирајте ги интернет-пребарувачите, кај сите е откриен безбедносен проблем

Веднаш ажурирајте ги интернет-пребарувачите, кај сите е откриен безбедносен проблем

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите пребарувачи имаат една новооткриена ранливост, а хакерите веќе почнаа да ја искористуваат, па затоа се препорачува што поскоро да ги ажурирате вашите интернет-пребарувачи.

Сериозен безбедносен пропуст е пронајден во библиотеката со кодови што се користи за прикажување на „webp“ фотографии, која ја користат сите пребарувачи. Ова е популарен формат за фотографии кои се објавуваат на интернет, но го користат и многу апликации. Токму затоа, оваа ранливост може да се злоупотреби за да се вметне злонамерен код на уредите на корисниците кој напаѓачите подоцна можат да го искористат.

Ранливоста се смета за многу сериозна. Популарните пребарувачи како „Хром“, „Еџ“, „Фајрфокс“, „Опера“, „Вивалди“ и „Брејв“ веќе ги објавија своите безбедносни надградби.

За да бидете сигурни дека ја имате најновата верзија на пребарувачот, одете во „Помош“ (Help) и потоа „За“ (About), а ажурирањето ќе започне автоматски. На телефоните можете да го започнете ажурирањето преку официјалната онлајн продавница.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay