Соопштение за лажната вест поврзана со ликовите од „Светот на Биби“

Соопштение за лажната вест поврзана со ликовите од „Светот на Биби“

Во текот на вчерашниот ден се прошири лажна информација во која беа злоупотребени името и ликовите од продукцијата за анимирани серии „Светот на Биби“ како и официјалната веб страница на Канал5 ТВ.

Реакцијата која Факултети.мк ја објави на социјалната мрежа Фејсбук беше наменета до фејсбук-страната каде прво се појави фотомонтажата. Истата оваа реакција, за жал, погрешно беше протолкувана од страна на Канал5 ТВ. Преку ова соопштение од името на редакцијата на Факултети.мк сакаме да им се извиниме на Канал5 ТВ.

Во продолжение го пренесуваме и официјалното соопштение испратено од „Светот на Биби“ до редакцијата на Факултети.мк:

„Светот на Биби“ се оградува и ги демантира сите лажни информации кои беа изнесени во текот на вчерашниот ден, 21.10.2022 година, на одредени социјални медиуми за наводна поврзаност на брендот со одредена политичка партија во спроведување на нивните барања за задолжителна застапеност на албанскиот јазик во анимираните серии. Пуштена е во оптег монтирана слика во која покрај ликовите од брендот „Светот на Биби“ е злоупотребена и официјалната веб страница на Канал 5. Со овој непрофесионален акт е нанесена штета и на двете страни, Канал 5 и Светот на Биби.

„Светот на Биби“ поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за Фејсбук страната „Куде Тумбу и 4 Бандере“, која прва ја објави лажната вест а потоа се прошири на повеќе социјални мрежи. https://www.facebook.com/795034780568617/posts/pfbid0r6FcLEAJNjTU6YYy8npEzTkW7nDD5AdjgYQjC11vFiv7oN4XUYRna3sMWicY5a8Ml/