Том Круз ќе ја добие наградата за животно дело на Американскиот филмски институт

Том Круз ќе ја добие наградата за животно дело на Американскиот филмски институт

Американскиот филмски институт (АФИ) ќе му оддаде признание на Том Круз со наградата за животно дело, соопшти Управниот одбор на институтот. Наградата ќе му биде врачена на свечена церемонија во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на 24 април следната година.

- Том Круз е глобална икона - изјави претседателката на Управниот одбор на АФИ, Кетлин Кенеди. Таа ја пофали посветеноста на Круз како глумец и продуцент, како и неговото верување дека филмовите имаат моќ да ги зближуваат луѓето.

Круз работи во филмската индустрија повеќе од 40 години, а глумеше во филмовите „Ризичен бизнис“, „Неколку добри луѓе“, „Џери Мекгваер“, „Малцински извештај“ и серијалот „Невозможна мисија“. Трипати е номиниран за „Оскар“ за најдобар актер во главна улога за филмовите „Роден на четврти јули“ и „Џери Мекгваер“ и за најдобар актер во споредна улога во филмот „Магнолија“.

Како продуцент, Круз беше номиниран кога филмот „Топ ган: Маверик“ доби номинација за најдобар филм.

Минатата година тој доби почесен „Оскар“ на доделувањето на Гувернерските награди на Американската академија за филмски уметности и науки.

Наградата за животно дело, основана во 1973 година, му оддава признание на поединец чија работа придонела за развојот на филмот и го издржала тестот на времето. Круз ќе се приклучи на списокот со добитници на кој се Џон Форд, Бет Дејвис, Сидни Поатје, Стивен Спилберг, Дензел Вашингтон, Никол Кидман и Еди Марфи, кој ова признание го доби претходно оваа година.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube