На час во „Бибиверзум“: Не едно, сите деца се најдобри

На час во „Бибиверзум“: Не едно, сите деца се најдобри

- Ајде дечиња, кажете ми што правиме секое утро кога ќе станеме од спиење? – праша наставникот Мартин.
- Си го местиме креветот, си ги миеме лицето и забите, а потоа се подготвуваме за на училиште или градинка - одговараа децата.
- И уште нешто, што е добро да правиме секое утро пред да ни започне денот? – ги потпраша тој.
- Си ги истегнуваме мускулите на телото со вежби, наставнику – додадоа тие.
- Точно, тоа е првото нешто што е добро секој ден да го правиме за да ни се вклучат нашите „компјутери“ и за да ни биде поубав денот. На почетокот на овој час, иако сега не е утро, токму тоа ќе го направиме и ние - рече наставникот и почна да вежба заедно со децата.
Вака започна часот во едукативниот центар „Бибиверзум“. Екипата на „Деца.мк“ присуствуваше на часот, кој траеше 90 минути, а целта беше да видиме како изгледа еден ваков час и што учат и работат децата.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.