Метеор го осветли небото над Норвешка

Метеор го осветли небото над Норвешка

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Невообичаено светол метеор го осветли небото над Норвешка во саботата. Метеорот можел да се види во јужните делови од земјата.

Неговата експлозија при влезот во атмосферата предизвикала вознемиреност кај жителите, а полицијата добила повеќе повици за настанот.

Од норвешкиот метеоролошки институт објасниле дека метеорот е дел од годишен метеорски дожд наречен Северни Тауриди.



Извор: BBC
Насловна фотографија: BBC (printscreen)