Сондата „Орион“ на НАСА стигна до Месечината

Сондата „Орион“ на НАСА стигна до Месечината

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Мисијата „Артемис I“ на американската вселенска агенција НАСА стигна до Месечината по месеци одложување на нејзиното лансирање.

Во рамките на мисијата вселенската сонда „Орион“ ќе кружи околу Месечината две недели пред да се врати на Земјата и да падне во Тихиот Океан, на 11 декември.

- Ова е еден од оние денови за кои размислувате и сонувате долго, долго време - изјавил Зуболн Сковил, директор на летање во НАСА.

За време на патувањето „Орион“ направил повеќе неверојатни фотографии од нашиот природен сателит.



„Артемис I“ треба да помогне во собирањето информации потребни за идните мисии на НАСА до Месечината во кои ќе бидат вклучени и астронаути.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: NASA