„Мета“ ги тужи хакерите

„Мета“ ги тужи хакерите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Компанијата „Мета платформс“, во чие сопствеништво е „Фејсбук“, објави дека поднесе тужба против хакерите.

Тужените неидентификувани лица стојат зад повеќе од 39.000 веб-локации за фишинг, кои биле лажно претставени како мета-страници, а корисниците биле наведувани да ги откријат своите податоци за да се најават на страниците.

Хакерите создадоа лажни веб-страници, кои се маскирани како страници за најавување на страниците на Фејсбук, Месинџер, Инстаграм и Вацап.

Страницата побарала од потенцијалните жртви да ги внесат своите кориснички имиња и лозинки, а овие информации потоа биле собрани од обвинетите. Мета, исто така, бара отштета од 500.000 долари од анонимни напаѓачи.

Нападите беа извршени преку сервисот Нгрок, кој го пренасочувал интернет-сообраќајот кон фишинг-страниците, притоа прикривајќи ја вистинската локација на хакерите и нивните лажни структури.

Мета тврди дека опсегот на овие напади е зголемен од март 2021 година, а илјадници URL-адреси се преземени од страниците за фишинг преку споменатата техника.

- Оваа тужба е уште еден чекор во нашите напори да ја заштитиме безбедноста и приватноста на корисниците, да испрати јасна порака до оние што се обидуваат да ја злоупотребат нашата платформа и да влијае врз одговорноста на оние што ја злоупотребуваат технологијата - велат од Мета.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Pixabay