Кои делови од зградите се најбезбедни во случај на нуклеарна експлозија

Кои делови од зградите се најбезбедни во случај на нуклеарна експлозија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Се смета дека најбезбедното место за заштита во случај на нуклеарна експлозија е цврстa градба. Но дали тоа е вистина? Истражувачи од Универзитетот во Никозија направиле тестирање за да видат дали цврстите градби заштитуваат во случај на експлозија на атомска бомба.

На површината, експлозијата може да сруши градби, иако посилните бетонски градби може да го издржат ударот и да останат цели. Научниците истражувале како патува бранот од нуклеарна бомба преку градбите на површината со помош на компјутерско моделирање. Тие ги откриле најдобрите и најлошите места за време на експлозија.

Според истражувањето, да се биде во цврста зграда за време на нуклеарна експлозија не е доволно за да се елиминира ризикот. Бранот од експлозијата се рефлектира од ѕидовите во внатрешноста.

- Најопасни критични внатрешни локации кои треба да се одбегнуваат се прозорците, ходниците и вратите. Луѓето би требало да се оддалечат од овие локации и веднаш да се засолнат. Дури и кога експлозијата стигнува до предната врата, може да се заштитите од силниот бран доколку стоите на аголот на ѕидот кој е спротивно на експлозијата - објаснил авторот на истражувањето, Јанис Кокинакис.

Во истражувањето, авторите посочуваат и на важноста за брзо одење до безбедна локација бидејќи има малку време помеѓу експлозијата и пристигнувањето на бранот од неа.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay